Голем пожар во болница во Истанбул


Голем пожар попладнево избувна во пожар во болница во Истанбул, зафаќајќи неколку ката од зградата.

Како што јави АФП, вработените во болницата ги евакуирале пациентите, а спроведена е евакуација и на жителите на околните згради.

Засега нема инфромации за жртви, а не се познати ниту причините за пожарот.

Од зградата на болницата, која се наоѓа во населбата Газиосманпаша во европскиот дел на Истанбул, се креваат пламени јазици, како и црн густ чад.

Во тек е акција на пртивпожарните единици за гаснење на пожарот.