Германија: Автобус се судри со камион, едно лице загина, а 18 се повредени
Во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Баварија, меѓу камион и автобус, загина возачот на автобусот, а повредени се 18 лица, соопшти денеска германската полиција.
Германските медиуми јавија дека во белгискиот автобус се наоѓале 50 лица во моментот на несреќата.
Германската полиција наведе дека, веројатно возачот доцна забележал дека камионот што превезувал стакло се движи премногу споро и удрил во него.
Три лица се во животна опасност.