Гвинет Палтроу тајно се омажи


САД– Неколку дена откако наполни 46 години, Гвинет Палтроу повторно се омажи. Актерката кажала „Да“ на Бред Фалчук, еден од креаторите на „Glee“.

Свадбата била во саботата во Хемптонс, а меѓу поканетите биле голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Стивен Спилберг, Роберт Дауни Џуниор и Камерон Дијаз со сопругот Бенџи Маден.

Гвинет и 47-годишниот Фалчук ​​излегуваат во последниве три години, пред официјално да станат семејство.

„Верувам дека го сретнав мажот со кого ми е било пишано да бидам“, рече претходно оваа година актерката и поранешна сопруга на вокалистот на „Coldplay“ – Крис Мартин. Со Мартин имаат две деца.