Гвинет Палтроу со нови детали за непријатното искуство со Вајнстин: Бред му се закани дека ќе го убие


 

САД– Оскаровката Гвинет Палтроу при гостувањето во шоуто на славниот радио водител Хауард Стерн, изнесе детали за инцидент од 1995 година меѓу нејзиното тогашно момче Бред Пит и холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, кого повеќе жени го обвинија за сексуално малтретирање.

Како што наведува „Дејли Мејл“, Палтроу тврди дека инцидиентот се случил набрзо откако Пит дознал дека Вајнстин сексуално ја вознемирувал.

– Бевме на премиера на „Хамлет“ на Бродвеј, кога Бред го здогледа Вајнстин. Го турна до ѕидот и му рече: „Ако некогаш повторно се почувствува непријатно поради тебе, ќе те убијам, изјави Палтроу.

За сексуалното вознемирување од страна на Вајнстин, Палтроу првпат проговори минатата година во изјава за „Њујорк Тајмс“, со што беше една од првите глумици кои јавно ги изнесоа своите непријатни искуства со моќниот продуцент.