Гвинет Палтроу обвинета за предизвикување на несреќа


Холивудската ѕвезда Гвинет Палтроу е обвинета оти на 72-годишен човек во судир при скијање му скршила неколку ребра и му предизвикала потрес на мозокот.
Потоа, како што тврди оштетениот Тери Сендерсон, таа заминала од местото на инцидентот без да повика помош. Настанот се случил на скијалиштето Дир Воли во Јута 2016 година. Бараната отштета изнесува 3,1 милион долари.
Палтроу ги отфрла обвиненијата. Нејзиниот адвокат тврди дека таа не го предизвикала судирот.
Сендерсон, натаму, вели дека дека му требале три години за да поднесе тужба оти имал проблеми со претходните адвокати, и дека не можел нормално да функционира поради потресот на мозокот.
Тој на конференцијата прикажа и видео на кое се гледа како жена удира во него и уште две лица паѓаат преку него, а потоа тие стануваат, си заминуваат и го оставаат мажот да лежи во снегот.