Гвардиола: Само еден тим беше стабилен во текот на сезоната


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека Ливерпул сé уште е лидер во пласманот во Премиер лигата, бидејќи само тимот од Мерсисајд покажа стабилност во текот на целата сезона.

Во моментов разликата меѓу двата тима е еден бод, откако Ливерпул забележа три нерешени во последните четири натпревари од првенството.

– Тие се уште се лидери, досега тие беа подобри од нас, Тотенхем и другите тимови, а искрено не го гледав нивниот натпревар со Манчестер Јунајтед. Имаше еден период повеќе од еден месец, во кој загубивме четири пати во девет натпревари. Само еден тим беше стабилен во текот на сезоната. Така беше со Манчестер Сити минатата сезона. Има уште 11 натпревари за игра, а Ливерпул има поен предност. Разликата е помала од очекуваното пред неколку недели, но тие сè уште водат. Ние треба да се фокусираме на нашата работа, прокоментира Гвардиола пред утрешниот меч со Вест хем дома.