Гвардиола сака засилувања поради неуспехот на Лигата на шампионите


Трошоците на Манчестер Сити за засилувања, време на двегодишниот престој на Пеп Гвардиола можат да стигнат 600 милиони фунти ова лето, доколку се остварат барањата на шпанскиот тренер да се донесат три фудбалери за одредени позиции во тимот.

Причината за новите планови на Гвардиола е неуспехот на Лигата на шампионите, пишува „Дејли Телеграф“ во денешното издание.

Менаџерот на Сити сака дефанзивен играч од средниот ред, напаѓач и креативен играч од средниот ред.

Како потенцијални „граѓани“ се пикирани Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд, Фред од Шахтјор Доњецк и еден од Жоржињо од Наполи или Жан Микаел Сери од Ница. Во опција е и Томaс Лемар кој летово може да го направи најскапиот трансфер од Монако за сума од околу 90 милиони.