Гвардиола казнет со 20 илјади фунти, мешал политика со спорт
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е казнет со глоба од 20 илјади фунти од страна на Фудбалската федерација на Англија поради носењето на жолта лента на натпреварите, во знак на поддршка на политичарите кое се залагаат за независност на Каталонија.
„Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е казнет со 20 илјади фунти и е предупреден дека во иднина ваквите активности како последица ќе имаат построга казна“, соопштија од Федерацијата.
Според претставниците на Фудбалската федерација на Англија носењето на жолтата лента е неприфатливо и претставува мешање на политиката во спортот.
Гвардиола претходно најави дека ќе продолжи да ја носи лентата.