Гвардиола: За нас секој следен натпревар е финале


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола во пресрет на утрешниот дуел со Њукасл, рече дека единствена опција за неговиот тим е победа и дека секој друг исход ќе значи крај на надежите за одбрана на трофејот во Премиер лигата.

– По традиција тешко играме против Њукасл, па очекувам неизвесен натпревар. Тие добро се бранат, но ние уште подобро напаѓаме. За нас единствен поволен резултат е победа. Се друго уште повеќе ќе не оддалечи од трофејот. Така ќе биде до крајот, иако има уште многу натпревари. Секој од нив за нас е своевидно финале, изјави Гвардиола.

Во Премиер лигата по 23 одиграни кола лидер е Ливерпул со 60 бода, четири повеќе од Манчестер сити.

„Граѓаните“ својот дуел од 24.коло против Њукасл ќе го имаат утревечер од 21 часот, додека Ливерпул в среда во истиот термин го пречекува Лестер.