Гвардиола: Во моментов Ливерпул и Тотенхем се подобри од нас


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека во овој момент Ливерпул и Тотенхем играат подобро од шампионите и заслужуваат да бидат на прво и второ место на табелата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ денес запишаа втор пораз по ред, што ги остави на седум бода од Ливерпул, додека Сити ја предаде втората позиција на „петлите“.

– Немавме доволно сила за да создадеме повеќе можности за гол. Треба да се обидеме да најдеме решение. Фернандињо не може да игра, бидејќи е повреден. Треба да го надминеме тој момент. Ливерпул и Тотенхем си го заслужуваат пласманот. Тие ги добиваат своите натпревари, додека ние не. Разликата се зголемува. Минатата сезона имавме голема предност, но оваа сезона Ливерпул и Тотенхем се многу добри. Првиот дел од сезоната е завршен. Имаме доволно поени за да станеме шампиони, но другите тимови прават повеќе. Тие се подобри од нас во моментов, прокоментира Гвардиола по денешниот пораз.