Гатузо во Милан до 2021 година, ќе заработува два милиона евра по сезона


Џенаро Гатузо и официјално го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Милан.

Според новиот договор, кој беше подолг период најавуван, Гатузо ќе заработува два милиона евра по сезона и ќе остане на „Сан Сиро“ до 2021 година.

–  Благодарам за довербата да бидам тренер на славен клуб како Милан. Се надевам дека набрзо ќе го вратиме на посакуваното ниво, истакна Гатузо.

Тој на клупата на „росонерите“ го наследи Винченцо Монтела, кој доби отказ во ноември 2017 година.