(Галерија) По обилните снежни врнежи, сонцето ја откри вистинската убавина на Попова Шапка


Прогнозата на метеоролозите се исполни, на Попова Шапка има доволно снег за ова туристичко место да има полни раце работа.

Како што може да се забележи од фотографиите што се објавени на фејсбук-страницата „Wehavesnow“, може да се забележи дека на Попова Шапка има снег во изобилство.

Снежната покривка од речиси еден метар е повеќе од доволна за да ги намами љубителите на зимските спортови.