„Газета дело Спорт“: Бонучи размислува да го напушти Милан


Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи може да го напушти клубот уште оваа зима или пак во текот на летото, информира „Газета дело Спорт”.

Одбранбениот играч се приклучи на „росонерите“ во текот на летото, по сензационалниот трансфер од Јувентус. Работите сепак не тргнаа според очекувањата и во моментов миланскиот гигант е на 14 бода од екипите кои имаат право на учество во Лигата на шампионите.

Тоа не му се допаѓа на играчот  кој размислува да си замине од „Сан Сиро“.

На Апенините се тврди дека за Бонучи интерес појавуваат Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, како и ПСЖ и Челзи.

Договорот на италијанскиот репрезентативец со Милан е до 2022 година.