В петок кралска свадба: Се мажи принцезата Евгенија , ќерката на принцот Ендрју


Англија– Уште една свадба во кралското семејство. Се мажи принцезата Евгенија (28), ќерката на принцот Ендрју, (братотот на принц Чарлс) и на Сара Фергусон, војвотката од Јорк. Избраникот е свршеникот е Џек Брусбенк (32), поранешен менаџер на ноќен клуб. Свадбата е закажана за в петок. Свадбената церемонија ќе се одржи во капелата Сен Џорџ во замокот Виндзор, каде претходно се венчаа принцот Хари и Меган Маркл.

Свршеничкиот прстен на принцезата Евгенија е со розев сафир сличен како што во 1986 година носеше мајка и Сара Фергусон.

Џек ја побарал Евгенија за жена во јануари за време на патувањето во Никарагва. Двојката е седум години во врска.

Се очекува на свадбата принцезата Евгенија од Јорк да ја носи тијарата Јорк што ја носеше на свадбата и нејзината мајка војвотката од Јорк.

Свадбата ќе има јавен карактер и се поканети 1200 гости.

Принцот Ендрју и Сара Фергусон се разведоа во 1996 година.

Евгенија која е деветта во редот за наследство на кралската круна има и сестра Беатрис, шеста во редот за наследство.

Сѐ уште е тајна чија венчаница ќе носи невестата. Се знае дека ќе биде светски дизајнер со британско потекло, или Стела Мекартни или Ердем.

Се очекува свадбата да чини 30 милиони фунти. Свадбата на Меган и Хари чинеше 34 милиони фунти.