В недела се избира мис Универзум 2018


Тајланд– В недела, во Банкок, се избира 67. Мис Универзум за 2018 година, со учество на убавици од 190 земји. По изборот за мис на светот, мис Универзум е втор по престиж избор на убавина во светот, а во оваа група спаѓаат и изборите мис Интернационал и мис на Земјата.

Ланска победничка на изборот во Лас Вегас беше претставничката од Јужна Африка Деми Ли Нел-Петерс.

Од 1996 до 2015 година, тогаш бизнисменот, а сега американски претседател Доналд Трамп ја ја поседуваше лиценцата за изборот, а сега ја поседува друга приватна компанија, а го емитуваат   „Фокс“ и „Астека“.

Круната што ја носи победничката чини 300 илјади долари, а ја изработува чешка фирма. Водител на изборот е американецот Стив Харви.