Вучиќ со Јункер и Хан: За Европа Македонците се херои бидејќи ќе го променат името на државата


Србија најмногу има напреднато на европскиот пат поради веќе започнатите преговори, но 2025 е само индикативен датум и секоја од земјите на Западниот Балкан ќе биде оценувана според заслугите на европскиот пат, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Има уште реформи кои Србија мора да ги спроведе, како што се реформите за правосудството, владеењето на правото и друго. Но, ние не можеме да ги примиме во ЕУ оние земји кои се уште меѓусебно имаат нерешени територијалните спорови. Не можеме овие спорови да ги увеземе и тие мораат да бидат решени пред стапувањето во ЕУ, констатираше Јункер.

Тој рече дека ЕУ сака нормализирање на односите Белград-Приштина во рамките на правно-обврзувачки договор.

– Но, не е до нас да кажеме кои ќе бидат условите и каков ќе биде карактерот на тој правно обврзувачки договор. Белград и Приштина треба да го одредат тој договор, изјави Јункер.

Српскиот претседател рече дека Косово е најтешкото прашање за Белград.

– Ние мораме да пронајдеме решение и ова го говорам пред претседателот на ЕК, дека и Белград и Приштина треба по нешто да изгубат и едните и другите помалку да бидат незадоволни, бидејќи тоа ќе значи дека сите победивме. Невозможно е се убедат граѓаните на Србија дека треба да дадат се, а од друга страна да не добијат ништо. Нас ни е потребен компромис, ако не ќе продолжиме да говориме и да живееме и понатаму со наште митови, рече Вучиќ.

Одгаварајќи на прашањето на РТС како го толкува тоа што „за Европа Македонците се херои бидејќи ќе го променат името на државата, а од Србија се бара да се согласи да загуби 10.000 квадратни км.“, Вучиќ одговори дека не е фер да зборуваме за она што се случуваше пред 10 години.

– Наше е да гледаме во иднината. На сите во Европа им е јасно дека најтешката задача ја има Србија. Важно е да се реши проблемот помеѓу Скопје и Атина и се надеваме дека ќе го решат и дека нема да го има и во иднина. Но, тоа се десетпати или стопати помали проблеми од оние со кои Србија се соочува. И тоа не е никаква тајна за никого. Но, ние треба да разбереме дека мораме да направиме компромис, самите со себе да раскрстиме и доколку тоа не го направиме-ќе се удавиме во себе и во сопственото минато. И барам поддршка и од ЕУ и од светските сили за ова-изјави Вучиќ.