Вучиќ прогласи победа на локалните избори во Белград


Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на вчерашните локални избори во Белград, откако излезните анкети покажаа дека неговата владејачка Српска Народна Партија добила околу 45 отсто од гласовите. Практично, СНС повторно победи на локалните избори.

Според првичните резултати, листата на поранешниот градоначалник на Белград, Драган Ѓилас, имала освоено околу 19 отсто.

„Ова е најдобар резултат во Белград досега. Оваа победа не беше лесно да се постигне“, изјави еуфорично Вучиќ пред неговите сопартијци и наздрави за победата со шампањ.

Првичните реакции се дека изборите биле наместени. Вучиќ на ваквите обвинувања одговори дека „народот препознава дела, а не ветувања“.

Одѕивот на овие избори бил околу 51 отсто.

Се очекува конечните резултати да бидат објавени утре.