Вучиќ потврди: Путин доаѓа во Белград


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил поканата за посета на Белград по повод одбележувањето на 100-годишнината од победата во Првата светска војна.

Според одредени информации, Путин најверојатно ќе го посети Белград на 1 ноември.

Српскиот претседател Вучиќ, денеска при отварањето на патот во селото Долни Бањани, рече дека Србија ќе одбележува не 100 години од примирјето, туку од победата на сојузниците во Првата светска војна.