Вучиќ: Никогаш нема да го признаеме Косово!
Две лоши вести дојдоа денес од Приштина, не само за Србија, туку и за целиот регион и пошироко, рече срспкиот претседател Александар Вучиќ на вонредно обраќање вечерва, по посетата на европскиот комесар Јоханес Хан на Белград и на Приштина.
-Лошите вести се тоа што албанските власти не се откажуваат од незаконските такси што ги воведоа за Србија и за БиХ, и најавија дека нема да се откажат додека Белград не ја признае таканаречената независност на Косово. Друга полоша вест е што Приштина реши да формира своја војска на 14 декември, што е спротивно дури и на нивниот Устав. Нивните намера и желба се многу опасни и не носат пред свршен чин. Србија нема да ја признае независноста на Косово, со Србија така не се разговара – рече Вучиќ.
Според него, тоа што Приштина ќе формира своја воска, го доведува целиот регион до највисок степен на опасност.