Вучиќ: Не отидов во Њујорк, не можам да ги слушам истите приказни
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сакал да оди во Обединетите нации во Њујорк, затоа што таму би морал да разговара и со албански и со светски претставници, со кои, како што рече, не знае за што веќе да разговара, затоа што тој сака суштински напредок во однос на Косово, „а тие не сакаат“.
Тој истакна и дека е задоволен како премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја претставиле Србија и оти завршиле добра работа.
– Не можам веќе да одам, да повторувам едно и исто. Кажете ми, луѓе, дали сте подготвени за суштински напредок. Ако сте, ете ме, ќе долетам со што сакате, во Брисел, на Гренланд, каде и да ме повикате. Само немојте да доаѓам, да губам време и да ги слушам истите празни приказни кои ги слушам со години дека Србија треба да ја признае независноста на Косово, изјави Вучиќ во Ниш.
Тој уште еднаш порача дека нема да ја признае косовската независност, дека Србија сака компромис, а не решение кое ќе значи дека Албанците од Косово ќе добијат се, а Србите ништо.
– Тоа беше причинита зошто не отидов, истакна Вучиќ.