Вучиќ во посета на Хрватска


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Хрватска, на покана на неговата колешка Колинда Грабар Китаровиќ.

Главни теми на средбите меѓу двете делегации ќе биде проблемот со исчезнатите, правосудната соработка, границите и враќањето на имотот.

Двајцата претседатели ќе разговараат за судбината на 1.900 исчезнати лица и за враќањето на културното богаство исчезнато за време на конфликтот во деведесеттите години од минатиот век, за соработка при апсење на осомничени воени злосторници…

Инаку, Вучиќ е прв претседател на Србија кој ќе престојува во официјална посета на Хрватска од 2010 година.

Неколку здруженија на воени ветерани за денеска најавија протести. Вучиќ во интервју за хрватски „Глобус“ изјави дека Србија и Хрватска немаат судири околу иднината и најави дека на претседателската Китаровиќ ќе и предложи мораториум од шест месеци за расправи за темите од минатото. околу границата.