Вук Јеремиќ: Вучиќ им го вети Косово на Американците


Поранешнот српски министер за надворешни работи и актуелен лидер на опозициската Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, тврди дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „им го ветил Косово на Американците“, но оти има проблем како да го исполни тоа ветување.

На трибината во Нови Сад, како што јави дописникот на МИА, Јеремиќ изјави дека на Вучиќ единствено не му одговара барањето на Американците да му дозволи на Косово место во ОН.

– Американците бараат од Вучиќ да го внесе Косово во ОН и да го потпише т.н. договор за сеопфатна нормализација на односите со Приштина, а го притискаат и да побара од Русија да не го блокира сето тоа во Советот за безбедност на ОН, изјави Јеремиќ.

Според наго, Вучиќ се обидел да понуди размена на територии, но таквата понуда била одбиена затоа што наводно веќе ветил да го внесе Косово во ОН.