Во чест на актерот Жан Рошфор: Специјална проекција на филмот „Честа на офицерот“ во Кинотека


Во чест на францускиот актер Жан Рошфор кој почина лани, Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија ве покануваат на специјалната проекција на францускиот филм „Честа на офицерот“ (1977 год.), в среда, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.

Рошфор, еден од најзначајните актери на француската кинематографија, за оваа улога беше награден со „Цезар“ за најдобра машка улога.

Г-дин Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура при Амбасадата на Франција, на отворањето на вечерта, ќе направи омаж на Рошфор, преку куса презентација на богатата кариера на актерот, по што следи проекцијата на оваа драма на Пјер Шендорфер.

Филмот е со превод на македонски јазик.