Во сообраќајка во Куманово повредено седумгодишно дете


Седумгодишно дете е повредено синоќа во сообраќајна несреќа во Куманово кога автомобил мерцедес удрил во него.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила околу 18,40 часот на улица „Доне Божинов“, кога кумановецот С.Д.(30), управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишното дете, пешак, исто така, од Куманово.

По незгодата, детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничка болница Куманово, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје, за понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.