Во Скопје доаѓа „Потпретседателот“ со Кристијан Бејл


Од 31 јануари на репертоарот на Синеплекс пристига номинираниот за оскар филм “Потпретседателот““ (Vice) со Кристијан Бејл во главната улога.

Погледни ја најновата телесна трансформација на Бејл во филмот, кој е филмска биографија за некогашниот потпретседател на САД, Дик Чејни . За оваа улога Кристијан Бејл (44) доби и Златен Глобус, а е номиниран и за Оскар во категоријата за најдобра машка улога. Филмот заработи 8 номинации за „Оскар“ .

За оваа улога, Бејл се здебели 20 килограми.  Славниот актер изјави дека трансформацијата за улоги е зад него бидејќи смртта почнала да го гледа во лице. Уште една причина поради која ќе престане со екстремни трансформации е неговата сопруга која со години се носи со неговите екстремни промени.