Пожар во фитнес-центар во Јужна Кореја однесе 16 животи


Најмалку 16 лица загинале, а десетина се повредени во пожар што изби денеска во фитнес-центар во јужнокорејскиот град Чечон.

Пожарот избил во сауната на фитнес-центарот кој бил на вториот кат на зградата, а потоа се проширил врз целата осумкатница.

Над 50 пожарникари со 20 возила морале да интервенираат за да се совлада огнената стихија.