Во Нигерија уапсен „мозокот“ на Боко Харам


Нигериската полиција соопшти дека уапсила едно лице за кое постои сомневање дека бил „мозокот“ на бомбашките напади што исламистичката организација Боко Харам ги изведе во 2015 година во нигериската престолнина Абуџа.

– Полицајците уапсија маж во главниот трговски град Лагос, се наведува во соопштението на полицијата.