Во МРТ нема промени:Марјан Цветковски останува директор


Стариот програмски совет на Македонската радио-телевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава, но конкурсот беше распишан пред истекот на мандатот и пред да се донесе новиот Закон за медиуми, кој е во  процедура.

Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ трае три години со можност за реизбор.

Македонската радио-телевизија не ги емитува бомбите иако лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, тогаш им достави цедеа со овие записи. Тогашниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, изјави дека уредувачката политика на телевизијата не може да се управува според барањата на седумдесетина граѓани кои, како што рече, имаат свои цели, пренесува Макфах.

Како јавува порталот Новатв,  упатените очекуваат дека Цветковски  ќе биде директор до изгласување на новиот Закон за медиуми.