Во Кривичен суд примени 2.580 барања за амнестија


Од стапувањето во сила на Законот за амнестија, во Кривичниот суд примени се вкупно 2.580 барања за амнестија.

Како што информираа од Судот на денешниот брифинг со новинарите, во Одделението за кривично-полнолетни примени се 1.951 барање, од кои уважени се 924, а 689 се одбиени или отфрлени. Во ова Оддление за 317 барања има одлука, но се уште тече рокот за изработка и за верификација.

Во Одделението за организиран криминал пак примени се 629 барања, од кои 501 се уважени, а 121 се одбиени или отфрлен, додека за седум барања има одлука кои може уште денеска да се верифицираат.

Од Судот во контекст на тоа додаваат дека има мал дел на предмети кои се препратени во надлежност на други судови.