Во Кичево запленети 90 килограми дрога


Околу 90 килограми дрога се запленетиво близина на Кичево. Како што дознаваме, акцијата се одвивала во вторникот вечерта на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на бензинска пумпа, Во неа учествувале припадници на специјалните полициски единици, а дрогата е пронајдена во автомобил со тетовска регистрација. Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот, а повеќе детали најавија за текот на денот.