Во делови од земјата услови за дожд, град и грмежи


Во поширокиот регион на Скопско и особено на север попладнево имаше појава на грмежи и поројни врнежи. Претпладне зголемена облачност имаше во западните делови, а понекаде од изутрина имаше повремен дожд.

Попладнево од југоисток нова нестабилност со грмежи и врнежи и со услови за појава на град, се проширува кон северна Пелагонија, Гевгелиско и понатаму кон Кавадаречко и сосема на југоисток кон Струмичко и Радовиш. Во вечерните часови оваа нестабилност ќе се намалува, а во вториот дел од ноќта ќе се намалува и облачноста, соопшти УХМР.

Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има сончеви периоди, а од пладне и попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.Температурата ќе се движи од 8 до 28 степени.

Во Скопско утре претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со можна појава на град. Температурата ќе се од 13 до 26 степени.

Во понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град. Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.