Во Дебар регистрирани 55 случаи на грип


Подрачната единица на Заводот за здравствена заштита во Дебар, соопшти дека до денеска регистрирани се 55 случаи на грип.

-Станува збор за бројка која во измнатите три седмици ја пријавиле матичните лекари на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои ги покриваме со нашата активност. Споредено со истиот период минатата година, бројот на регистрирани е помал. Сепак треба да се има предвид дека дел од граѓаните се лекуваат на своја рака или со лекови кои на член од семејството му се препишани од лекар, поради што бројот повеќе од сигурно е двојно поголем, вели епидемиологот  Ментор Меља, раководител на Подрачната единица.

Во истовреме, додава тој, голема е појавата на вирози, кои како и грипот се очекува да се зголемат во текот на следниот месец, со почетокот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година и променливото време кои се добра подлога за ширењето на грипот и останатите респираторни вируси.

Меља додава дека против сезонски грип вакцинирани се 500 лица од двете општини, од нив 300 постари лица.