Во две одделни тепачки на малолетници повредени две лица
Во полицијата вчера се пријавени два одвоени случаи во којшто како сторители се јавуваат малолетни лица, а настаните се случиле во близина на училишта. Повредени се две лица, едното има убод од нож, а другото се здобило со повреди на лицето и телото.
Синоќа во 19:17 часот од Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив е донесен повреден А.Б.(18) од село Блаце, со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознато лице пред училиште во општина Шуто Оризари.
На А.Б. му е констатирана телесна повреда во пределот на десниот колк, а како сторители се посочени неколку малолетници лица. Како причината се наведува претходна расправија за девојка.
Вработен во средното училиште „Арсени Јовков“ вчера во 17:10 пријавил дека на улицата „Костурска“ надвор од училишниот двор физички бил нападнат 16-годишен ученик од село Студеничани, скопско.
Според пријавата, ученикот бил нападнат со метална палка од страна на 16-годишно лице, а потоа во физичкиот напад се приклучила и поголема група малолетни лица, кои си размениле по неколку удари со тупаници и клоци.
На нападнатиот му се констатирани телесни повреди во пределот на лицето и телото, соопшти полицијата.
По преземени мерки и активности, во полициска станица е извршен разговор со едно 16-годишно лице кое е можен сторител на делото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите малолетни лица, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.