Во Албанија татко 16 години ја силувал ќерката


Во Тирана татко монструм цели 16 години сексуално ја злоставувал сопствената ќерка. Во полиција го пријавила ќерката, која сега има 25 години, а почнал да ја злоставува кога имала само девет години. Силувањето започнало во 2002 година кога во ова албанско семејство драмата со разводот на родителите се претворила во трагедија за тогаш деветгодишното девојче.

Брачната двојка имала три деца, две ќерки и еден син, кои останале да живеат со татко им, тогаш на возраст од 45 години. Тој со трите деца, најголемото девет години живееле во куќа, која имала само една соба. Како што пишуваат албанските медиуми, тој првпат посегнал по сопствената ќерка кога дома дошол во пијана состојба, по што редовно со присила ја принудувал на сексуални односи, кога дома не биле другите две деца. На 19-годишна возраст девојката останала бремена при што абортирала. Последните шест години живееле само таткото и злоставуваната ќерка.

Девојката собрала храброст да го пријави татко и откако им раскажала на сестрите од блиската црква, кои редовно ги посетувала. Таа била згрижена во црквата, по што го пријавила во полиција.

Шеесет и едногодишниот татко-монструм признал речиси се со неверојатна ладнокрвност, вклучувајќи го и абортусот, но во својот исказ ја обвинил ќерка си дека „често таа сама посакувала“. Таткото ќе одговара за три кривични дела, инцест, сексуални односи со малолетно лице и семејно насилство, за што му се заканува максимална казна од 37 години затвор.