Во Авганистан убиени двајца новинари


Двајца новинари се убиени од две вооружени лица кои упаднале во приватното радио Хамсада, во авганистанската провинција Такхар.

Инцидентот се случил вчера, кога вооружените лица влегле во радиото и почнале да пукаат врз новинарите кои воделе емисија.

За нападот се уште никој не презел одговорност.

Тоа е втор напад врз новинари годинава во Авганистан.