Вооружено лице утрово ја ограбило „Стопанска банка“ во Маџари


Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, со закана од вработените денеска одзело околу 100.000 денари и 1.500 евра во филијала на „Стопанска банка“ на улицата „Благоја Стефковски“.

Како што се наведува во дневниот Билтен на МВР, случајот во полиција бил пријавен во денеска во 8.50 часот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.