Разбојништво во Скопје: Ги легнале вработените на под и ја ограбиле банката


Маскирани вооружени разбојници пред околу два часа ја ограбиле екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово.

Според првичните информации, вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените,  потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.

Се очекуваат подетални информации од МВР.