Вонредно обраќање на Вучиќ до граѓаните на Србија – По третпат загрозен мирот


По третпат од 26 март на апсолутно непримерен начин е загрозен мирот, нагласи во вонредното обраќање до нацијата српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој нагласи дека присуството на косовските специјални сили и на претседателот Хашим Тачи на Газивода, се направени без какво било право и спротивно на Бриселскиот догвоор.

– Се обидоа да покажат дека тие догвоори не ги обврзуваат и дека најлошо од се, имаат поддршка пред се од своите западни сојузници.

Тој додаде дека во операцијата учествувале меѓу 110 и 130 припадници на косовските безбедносни сили, сите Албанци, „со долги цевки“ и зазеле пристапни сообраќајници и објекти во близина на Газивода.

-Тие брутално малтретирале повеќе луѓе, а четворица држат како заложници…Тие немаат што да бараат на север во Ксоово со долги цевки, изјави Вучиќ.

По повод акцијата на специјалните сили на Косово на север во државата, Вучиќ запраша што значат договорите со ЕУ и НАТО ако Приштина не ги почитува.

– Вооружени Албанци на север во Косово според договорот што го имаме, може да се појават само со исполнување на два услова – со одобрение на НАТО и со целосна поддршка од локалната српска заедница, потенцира Вучиќ.

– Дали тоа значи дека дека договорите што ги постигнуваме во Брисел вредат додека трае прес конференцијата, а потоа ништо.

Тој потсети дека КФОР во првото соопштение навел дека нема информации за присиство на косовските специјални единици во момент кога на сите им била позната информацијата дека се тие во околина на Газивода.

– Од што сега да се воздржиме – е моето прашање за ЕУ. Сите да ми кажат (во ЕУ) од што да се воздржиме, што направивме?…Или би требало вие да се воздржите макар од лицемерие ако можете, рече Вучиќ во вонредното обраќање до граѓаните на Србија.