„Вондер вомен“ е најголем филмски хит во 2017 година


САД- Со само 26 дена преостанати од 2017 година, Твитер објави извештај со информации за најтвитаните работи поврзани со филмови и шоуа. Вистински шок беше информацијата дека „Вондер вомен“ е најголем хит минатава година.
Стриповскиот филм, кој заработи повеќе од 800 милиони долари на бокс-офисот, е најтвитаниот филм во САД за 2017 година. „La Lа Land“ се најде на второто место, „Dunkirk“ на третото, а „Spider-man: Homecoming“ и „Justice League“ на четвртото и петтото место.
Но самата „неверојатна жена“, Гал Гадот, не се најде меѓу 10-те познати личности спомнати на Твитер во изминатава година. Јужнокорејскиот бој-бенд „Бионд д син“ е најтвитаниот славен бенд на светот во псоледниве 365 дена. Џастин Бибер сѐ уште се држи добро на четвртото место, додека Хари Стајлс и неговата коса се најдоа на седмото место.
Кога се работи за малите екрани, „Игра на троновите“ сосема очекувано се најде на првото место како ТВ-шоу на годината во САД, како што може да забележи секој што поминал макар 5 минути на Твитер. „Stranger Things“ се најде на второ место, а шоуто „Big Brother“ кое сѐ уште се емитува се најде на третото место. „13 Reasons Why“ и „Saturday Night Live“ се на четвртото и петтото место. Од 5-то до 10-то место се наоѓаат „Walking Dead“, „Grey’s Anatomy“, „The Voice“, „Supernatural“ и „Pretty Little Liars“.