Возовите втор ден не возат поради протестот на железничарите
Железничкиот товарен и патнички сообраќај втор ден е во целосен прекин поради протестот на вработени во „МЖ АД Транаспорт“ кои бараат исплата на вториот дел од платата за октомври.
Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ Транспорт ад Скопје, изјави дека нема да почнат со исполнување на работните обврски се додека не им се исполни поставеното барање. За утринава, како што информира, добиле најава за средба со претставници на Владата.
Од раководството на МЖ Транспорт АД Скопје информираа дека се работи на надминување на проблемот со исплатата на платите и нормализирање на сообраќајот.
Завчера, кога почна протестот првин со блокада на товарниот, а потоа и на патничкиот, на вработените им беа исплатени материјалните трошоци за октомври. Освен доисплата на платата за октомври бараат ноемвриската да им биде исплатена најдоцна до 25 декември, а во спротивно навајуваат повторна блокада.лв/скс/08:25