Возењето со велосипед ве спасува од сообраќаен метеж


Учениците од средното училиште „Боро Петрушевски“ во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 го посетија Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Тие слушаа предавања за развојот на велосипедскиот сообраќај во европските земји, за пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови како и за безбедноста во велосипедскиот сообраќај. Во Канцеларијата на УНДП, пак, се одржаа презентации за улогата на зеленилото во урбаната средина, зелениот катастар и новите мини-паркови во градот,а беа промовирани и компании кои поддржуваат возење велосипед.

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2018 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, „Еко Свест“, „Биди зелен“, „Прв до врв“ и Смарт ап – лабораторија за социјални иновации. Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Комбинирај и движи се“.