„Вог“: Холандскиот уметник Пит Париз ја трансформира високата мода


Холандија – Што направи високата мода за да се отвори, да заблеска и да се истакне за есен? Тоа е начинот на кој дизајнерите ја следеа линијата што ги поврзува наследството и занаетчиството со иднината управувана од технологијата. Марија Грација Чиури беше во улога на „миксолог“ во Диор, нудејќи нови начини на облекување за коктел забави; Ајрис ван Херпен додаде иновативност во своите најносени парчиња досега; колекцијата на Џон Галијано за „Мезон маргиела“ ја претставуваше модата во нови димензии. Доказ за сето ова беше холандскиот уметник Пит Париз, кој избра пет од најдобрите комбинации од висока мода за сезоната есен 2018, за да ги илустрира исклучиво за „Вог“.

Оваа година се одбележува 30-годишнината на Париз во светот на модата – иако доколку ги сметате и неговите ѕидни чкртаници на 3-годишна возраст, тогаш тој е во светот на модата многу подолго од тоа. Не е случајност тоа што уметникот се преименувал по главниот град на модата: „Моето вистинско презиме е Т Хоен“, објаснува тој, „име со кое тешко дека ќе се прославите. Пит е многу вообичаено холандско име, а комбинацијата со елегантниот идентитет на Париз прави добра контрадикторност. Го дефинира и мојот карактер: Пит за човек што е спуштен на земја и Париз за гламурозната страна“. Тешко е да не го забележите уметникот, со неговите смели пропорции и посветеноста кон арапски наметки. „Сакам да се облекувам малку како човек во костум кој изгледа како да има тешкотии со стареењето“, вели тој, смеејќи се.

Модата се трансформираше откако Париз почна да ја брка линијата.

„Се чувствува промената од креативна индустрија во маркетинг и тоа маркетинг со добар финансиски профит“, вели уметникот, кој е голем обожавател на независни дизајнери како Рик Овенс, Дрис Ван Нотен, Том Браун и Реи Кавакубо. „Се чувствувам како да работат на јазикот што го зборувам.“ Париз е линеарен, а неговиот изглед е свеж како секогаш.

Дипломирал на Универзитетот за уметност „АртЕз“, а негов прв голем успех е работењето за легендарното списание „Ванити“ на Ана Пијаџи. Редовно придонесувал за „Де телеграф“ цела една деценија и за јапонскиот „Вог“ речиси исто толку долго. Неодамна беше именуван за креативен директор на холандскиот „Харперс базар“.