„Вог“ нема повеќе да се печати


Во обид да пронајде нов извор на приход, популарното модно списание „Вог“ ќе добие нова, дигитална верзија. „Вог Бизнис“ ќе се занимава со теми, кои ќе ги интересираат деловните луѓе од модната индустрија, како и од индустријата за убавина и козметички производи, а ќе има само онлајн издание.
Новиот портал ќе покрива теми за промените на пазарот, културните движења, трендовите и технологиите, кои ќе влијаат врз модната индустрија.
„Вог Бизнис“ ќе започне како билтен, кој ќе се објавува двапати неделно, а ќе го уредува Лорен Индвик. На проектот ќе работат вкупно 21 лице, од кои шест новинари. Иако новото издание на „Вог“ на почеток ќе биде бесплатно, многу брзо читањето статии ќе почне да се наплаќа. Станува збор, како што велат аналитичарите, за сѐ повеќе популарен тренд кај медиумите, односно специјализација на својата публикација. Така се привлекува помала, но побогата публика, наместо бројни читатели и уште побројни огласувачи.
– Во предизвикувачки период за медиумите, лансирање на нов глобален наслов е вистинска реткост – изјави Волфганг Блау, претседател на Конде Наст Интернешнал, кој го води овој проект.