„Вог“ ги прогласи најдобро облечените славни жени во 2017


САД- Најпрестижниот моден магазин во светот, американскиот „Вог“ ја објави листата на десетте најдобро облечени славни жени во 2017 година. Листата не е нумерирана, па поради тоа не е познато која дама е на самиот врв. Вог пишува дека трендот на умереност е најголемата промена во модата на црвениот тепих во 2017 година.Според тоа, откривањето на голата кожа годинава не се користеше за да се остави впечаток.

Во топ 10 најдобро облечени жени во 2017 година се: Ријана, Брижит Макрон, Зое Кравиц, Натали Портман, Клер Фој, Соланж, Ема Стоун, Зендаја, Никол Кидман и Рут Нега.