ВМРО-ДПМНЕ се сели во Охрид


ВМРО-ДПМНЕ  го продолжува своето „Работно лето“ во Охрид. Таму во недела е закажан нов протестен марш против договорот со Грција, но и против политиките што ги води владата на Зоран Заев. Собирот предводен од претседателот Христијан Мицкоски започнува во 13 часот пред хотелот „Палас“.

„Сите оние кои ги осудуваат погрешните политики и сите оние кои се против спроведувањето на антимакедонските политики на оваа влада и СДСМ, ги повикуваме да ни се придружат во Охрид“, повикуваат од партијата.