ВМРО-ДПМНЕ се враќа на улица, во недела во Штип


ВМРО-ДПМНЕ се враќа на улица. Иако нема да води активна кампања за референдумот, имајќи предвид дека одлуката на партијата е секој граѓанин сам да реши дали и како ќе гласа, продолжуваат активностите од „Работното лето“. Веќе во недела е закажан протестен марш во Штип. Опозицијата нема да се рекламира по медиуми, нема да снима промотивни спотови, но низ секојдневен контакт со граѓаните од целата земја ќе им укажува на штетноста од постигнатиот договор за името со Грција, како и од целокупните политики на владата на Зоран Заев. (Г.А.)