ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никаков План, туку законски измени од кои ќар ќе имаат неколку фирми


 

Граѓаните немаат никаква корист од лагите и празните ветувања на СДСМ. За 8 месеци владеење со државата СДСМ успеа да ја задолжи државата за цела милијарда евра, а притоа има отворено нула инвестиции и нула нови работни места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите говорат дека компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува од своите погони во Охрид. Компаниите „Мурат вајаринг систем“, „Чагатај“ и „ВИК“, своите одлуки за инвестиции ги донесоа во време на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека четири од компаниите кои ги прикажуваат дека ќе инвестираат или се веќе присутни во Македонија или чекаа со месеци Владата на Заев и на Анѓушев да дадат согласност. Штетата за жал од ваквото политикантство на СДСМ ја трпеа не само инвеститорите, туку и потенцијалните вработени. На народот му е кристално јасно дека СДСМ нема никаков План, туку се работи само за Законски измени од кои ќар ќе имаат 4 или 5 фирми, меѓу кои и тие на Кочо Анѓушев, а за сите останати тој ќе делува дестимулирачки – соопштија од партијата.