ВМРО-ДПМНЕ: За 10 месеци власта ништо не сработи


10 месеци по доаѓањето на власт на СДСМ, Македонија е заробена држава. Државата пропаѓа и на економски и на социјален план, а демократијата е суспендирана. СДСМ е во коалиција со криминал. Корупцијата доби епидемиски размери. Тоа го покажа и истражувањето на Транспаренси. Странските инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија, соопштат од ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Данев од оваа партија, вели дека 10 месеци власта ништо не сработи.

“10 месеци константно се задолжува државата, а немаме ниту инвестиции, ниту проекти.Од доаѓањето на власт до сега оваа расипничка влада се задолжи за 1.6 милијарди евра. Од таквото задолжување државата нема никаков бенефит. Нема нови инфарстуктурни проекти, нема раст на економијата. Економијата минатата година немаше раст, а секаде во регионот економијата отиде напред. Градежништвото падна под 20%. Владата која што ветуваше инфраструктурен бум, 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта, не само што не отпочна ниту километар нов пат, туку неосновано ја запре изградбата на сите инфраструктурни проекти започнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ”, истакна Данев.