ВМРО-ДПМНЕ: Една година по 27 април СДСМ профитира, државата губи


Eдна година после 27-ми април, СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно, сметаат во ВМРО – ДПМНЕ.

„Отварање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. На државен трошок се врабоуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. СДСМ и ДУИ ја окупираа владата и институциите, но правда за семејствата на егзекутираните момчиња кај Смилковско езеро нема. Просечната плата наместо да биде 30.000 денари, оди надолу“, соопштија од партијата.