Андоновски: Директорот на Агенцијата за млади и спорт да не бега од одговорност


Дарко Каевски да не бега од одговорност и да си поднесе оставка. Ова го очекуваат граѓаните од партијата која ветуваше одговорност, а сега бега од истата. Недоличните творби промовираат сексизам и шовинизам, шират говор на омраза и примитивизам, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Каевски не може да избегне одговорност. Каевски покрај моралната мора да сноси и политичка одговорност. Каевски е прв човек на институцијата која ја финансирала и пуштила во промет оваа збирка. Каевски е директорот на институцијата која ги пушти овие таканаречени творби во промет, а збирката се делеше во дневните весници во текот на викендот и вчерашниот ден. Дарко Каевски мора да одговори и колку пари за објавување на оваа книга се исплатени? Исто така прашуваме дали ќе ги врати парите кои се дадени за печатење на книгата во Буџетот на Република Македонија? Одговорност мора да има. Дарко Каевски за само 10 месеци ја уништи Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски за 10 месеци нема ниту еден проект  за доброто на младите во оваа држава”.

Според Андоновски, уредник на оваа дело е Дарко Каевски, па така целосна одговорност за содржината на истата ја има тој и никој друг.